Фудбалерите на Велс успеаја да ремизираат 0-0 на гостувањето кај Турција во меч од 5. коло од новата сезона во Лигата на нации и со тоа да и завршат голема работа на Македонија во борбата за пласман во баражот за Светското првенство. Турците имаа голема шанса во 87. минута да стигнат до победа, но Актуртоглу промаши пенал.
Kerem Akturkoglu (Turkey) penalty miss against Wales 90'
byu/etclassico insoccer
Со победа на утрешниот меч против Фарски острови, Македонија зад себе ќе ја остави и Турција и со тоа ќе направи уште еден голем чекор до пласман најмалку во баражот за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Во останатите мечеви од понудата во 18 часот: Црна Гора – Исланд 0-2, Грузија – Украина 1-1 и Андора Молдавија 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА