Откако легендарниот велшки фудбалер Герет Бејл пред неколку дена сосема неочекувано се одлучи да замине во фудбалска пензија, селекторот на неговата репрезентација Роберт Пејџ најави дека Бејл ќе добие улога во репрезентацијата на Велс. Во текот на следните денови ќе биде разговарано каква улога ќе добие екс играчот на Тотенхем и на Реал Мадрид, и фудбалерот од оваа земја кој има освоено најмногу трофеи во ЛШ.
Селекторот Пејџ призна дека веќе имал разговор со Бејл, и дека во следните денови ќе биде одлучено за неговата улога.
„Кога имате една таква големина како што е Герет Бејл, и со сето она што го стори за Велс и влијанието кое го има, па дури само ако е во близина на играчите во соблекувалната, тоа е нешто кое мора да се искористи. Ќе разговараме за неколку недели каква улога ќе добие. Тој имаше одлична кариера, не само од фудбалска гледна точка, туку и за државата, затоа што го врати Велс на мапата на светскиот фудбал“, рече Пејџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

