Велс со ист рецепт како Македонија го победи Казахстан (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Велс дојде до третата победа во групата Ј во квалификациите за Светското првенство 2026 година, откако попладнево ја совлада селекцијата на Казахстан на гости со минимални 0-1. Со истиот резултат и Македонија ја победи оваа селекција претходно.

Стрелец на единствениот гол беше Мур во 24. минута од средбата, што беше доволно за победа, и за прво место во групата, но и натпревар повеќе од Македонија.

Вечерва Белгија гостува во Лихтенштајн, и со победа ќе и се доближи на Македонија на само еден бод.

Се вчитува...