Велс со победа над Казахстан доаѓа во Скопје (ВИДЕО)

Фудбалерите на Велс потешко од очекуваното стигнаа до премиерната победа во квалификациите за пласман на Светското првеснтво во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Пред гостувањето во Скопје во вторник Велшаните на домашен терен славеа против Казахстан со 3-1, репрезентација која им пружи голем отпор на фаворизираните избраници на Крег Белами.

Велс поведе со 1-0 со голот на Даниел Џејмс во 9. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Тагиберген од пенал во 32. минута. Ново водство за домаќините (2-1) донесе Бен Дејвис во 47. минута, додека конечните 3-1 ги постави Матондо во 91. минута.

Wales [2]-1 Kazakhstan – Ben Davies 47'
byu/Meladroitdetrela insoccer

Во преостанатите два меча од програмата од 20.45 часот: Чешка – Фарски острови 2-1 и Израел – Естонија 2-1.

 

Се вчитува...