Велс за три минути ја совлада Црна Гора, Шешко сам го „реши“ Казахстан (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Црна Гора го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации откако вечерва на домашен терен загуби од Велс со 1-2. Велшаните цела работа ја завршија за само три миниту откако поведоа со 0-2 со головите на Мур во 1. и Вилсон во третата минута.

Црногорците до крајот успеаја само да го ублажат поразот со голот на Чамај во 73. минута.

Montenegro 0 – [2] Wales – Harry Wilson 3'
byu/etclassico insoccer

Словенија стигна до лесна победа над Казахстан од 3-0, а херој за домашниот тим беше Бенџамин Шешко. Одличниот напаѓач постигна хет-трик на мечот и заслужено го доби признанието за најдобар играч.

Slovenia [3] – 0 Kazakhstan – Benjamin Sesko 63' (Hattrick)
byu/etclassico insoccer

Во останатите мечеви од Б лигата: Норвешка – Австрија 2-1 и Турција – Исланд 3-1. Во Ц лигата Романија беше подобра од Литванија со 3-1.

Се вчитува...