Велшаните од авион директно на тренинг во Скопје

Велшаните се соочуваат со проблеми уште пред пристигнувањето во Македонија со оглед на тоа што авион со кој тие треба да слетаат во Скопје ќе доцни речиси половина час.

Предвидено е велшката репрезентација да пристигне во нашиот главен град по 19 часот и 20 минути што значи дека избраниците на селекторот Белами веднаш ќе се упатат кон националната арена „Тоше Проески“ каде ќе го имаат единствениот тренинг пред утрешниот натпревар.

Како потсетување, истиот е закажан со почеток од 20 часот и 45 минути и на него Македонија ќе ја бара втората победа по онаа против Ликсембург од 3-0.

Се вчитува...