ЕКИПА во Кардиф
Владимир Булатовиќ
Велшкиот национален тим успеа повторно да дојде до предност од два гола разлика, откако најпрво водеше со 2-0, а Македонија се врати, сега успеа да постигне трет гол за 3-1.
Одбраната на Македонија има голем проблем со нападот на Велс, кој е немилосрден. Невнимателноста му остави премногу простор на Џонсон, кој се „прошета“ по нашата десна страна, дојде до зоната за удар, и со прекрасен погодок по трет пат го натера Димитриевски да ја вади топката од мрежата.
Сега Велс има предност од 3-1, и големи шанси да дојде до победа. Претходно пред третиот гол, успеаја да ја погодат и стативата, односно одбрана на Димитриевски и топката заврши во рамката од голот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

