Кошаркарот на Сан Антонио Спурс Виктор Вембањама ги заврши настапите во Летната лига. Според американските медиуми, првиот пик од овогодинешниот драфт ќе отсуствува од тимот на „мамузите“ во продолжението од Летната лига.
Според информациите, планот за францускиот кошаркар бил да одигра само два натпревари и да ја вкуси НБА лигата.
Спурс сакаа тој да го почувствува шармот на најсилната лига на светот, го видоа тоа што сакаа да го видат и сега му даваат пауза по напорните 12 месеци.
„Бидејќи не играм на Светското првенство, имам 2-3 одлични месеци. Тие ќе ми го променат животот. Да бидам искрен, веројатно ќе исчезнам од медиумите во следните неколку месеци”, изјави Вембањама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

