Поранешниот НБА шампион ја отвори сезоната на фантастичен начин, остварувајќи синоќа историска победа против Мајами од 107-101 за најдобриот почеток на сезоната во историјата на клубот. На тој начин дојдоа до пет победи во исто толку натпревари на стартот од сезоната.
До победата ги предводеше одличниот француски кошаркар Вембањама со 27 поени, 18 скока и шест асистенции. Стефон Касл постигна 21 поен со шест скока и осум асистенции, додека Девин Васел постигна 17 поени, дополнети и со девет скока.
На другата страна, Адебајо имаше учинок од 31 поен и 10 скока, а Ендру Вигинс имаше 24 поени.
Милвоки Бакс ги победија Голден Стејт Вориорс со 120-110, предводени од Рајан Ролинс со 32 поени. Од другата страна, Стеф Кари постигна 27 поени, Џонатан Куминга 24, додека Џими Батлер имаше 23 поени со 11 скока.
Оклахома го победи Вашингтон со 127-108, благодарение на одличната игра на Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 31 поен. За гостите, Си Џеј Мекалум беше најефикасен со 19 поени.
Единствената победа на гости ја забележа Орландо, кој ги победи Шарлот Хорнетс со 123-107. Германскиот претставник Франц Вагнер постигна 21 поен, Паоло Банчеро и Ентони Блек постигнаа по 20 поени. Колин Секстон постигна 19, а Ламело Бол 17 поени за домаќините, како и Рајан Калкбренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

