Кошаркарите на Сан Антонио спурс стигнаа до голема победа на гостувањето кај Денвер нагетс од 110-113 во натпревар во кој неверојатна вечер имаа првите две ѕвезди на двата тима, Виктор Вембањама и Никола Јокиќ.
Вембањама одигра повторно одличен меч во дресот на Спурс, завршувајќи го со 35 поени, надополнети со 18 скока. На другата страна на Никола Јокиќ му недостигаше само една асистенција за нов трипл-дабл учинок (41 поен, 18 скока и 9 асистенции).
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Шарлот 98-94, Торонто – Орландо 97-106, Оклахома – Њујорк 117-107, Њу Орлеанс – Вашингтон 132-120, Хјустон – Бостон 86-109, Далас – Кливленд 122-134, Сакраменто – Мемфис 138-133 и ЛА Лејкерс – Атланта 119-102.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА