Виктор Вембањама ги предводеше Сан Антонио Спарс во победата над Далас Маверикс од 139-120, на само еден натпревар до крајот на регуларната сезона од НБА лигата.
Спарс одамна обезбедија предност на домашен терен и второ место во Западната конференција, но ништо сè уште не е решено во трката за индивидуални награди.
Затоа Виктор Вембањама реши да ги „нападне“ наградите за МВП и плус – одбранбен играч на годината, и му „испорача“ дабл-дабл од 40 поени и 13 скока со 5 асистенции на Далас за 26 минути на паркетот!
Никола Јокиќ го пропушти дуелот со Оклахома, па ќе мора да го одигра последниот натпревар против Спарс, за да ги исполни планираните 65 натпревари и да остане во конкуренција за трофејот МВП каде што Вембањама е негов главен конкурент.
Дајрон Фокс имаше 18 поени и 10 асистенции, Келдон Џонсон постигна 17 поени со 6 скока, Харисон Барнс имаше 15, Џулијан Шампени 14, Дилан Харпер 13, 4 скока и 6 асистенции, а Картер Брајант имаше 12 поени.
Купер Флаг беше одличен со 33 поени, 6 скока и 5 асистенции и веројатно ќе заврши пред Кон Кнупел во трката за дебитант на годината (ROY).
Макс Кристи постигна 16 поени, додека Крис Мидлтон имаше 14 поени и по 3 скока и асистенции, а Еј Џеј Џонсон постигна 13 поени со еден скок и 2 асистенции, додека Нембхард имаше 7 асистенции покрај 13 поени.
НБА – РЕЗУЛТАТИ:
Атланта – Кливленд 124:102
Шарлот – Детроит 100:118
Вашингтон – Мајами 117:140
Бостон – Њу Орлеанс 144:118
Индијана – Филаделфија 94:105
Њујорк – Торонто 112:95
Чикаго – Орландо 103:127
Милвоки – Бруклин 125:108
Сан Антонио – Далас 139:120
Денвер – Оклахома 127:107
Хјустон – Минесота 132:136
Јута – Мемфис 147:101
Портланд – ЛА Клиперс 116:97
Сакраменто – Голден Стејт 124:118
ЛА Лејкерс – Феникс 101:73
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

