Вембањама: Јокиќ не е најдобар кошаркар во НБА

Виктор Вембањама не ги крие своите амбиции по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спурс, кој се враќа во тимот по речиси еден месец пауза поради повреда на левата нога, рече дека ги почитува најголемите ѕвезди во НБА – но дека се гледа себеси на самиот врв.

Во разговор за „ЕСПН“, 21-годишниот кошаркар зборуваше за тоа кој е моментално најдобриот играч во НБА.

„Мислам дека Никола Јокиќ е најдобриот офанзивен играч. Не мислам дека е најдобриот играч во целина. Тешко е да се каже, мислам дека е помеѓу Јанис и Шеј. Кога ќе се вратам на теренот – мислам дека тоа ќе бидам јас“, рече Вембањама.

Се вчитува...