Вембањама доби први лекции што значи НБА: Не се прослави во дебито за Сан Антонио (ВИДЕО)

Француската сензација Виктор Венбањама не се прослави на првиот натпревар за Сан Антонио откако беше избран како прв пик на НБА-драфтот.

За 27 минути во игра Венбањама погоди само два шута од дури 16 обиди – една двојка и една тројка, и дополнето со 4/4 од слободните фрлања за вкупно 9 поени.

Имаше и осум скока, пет блокади и три асистенции, со што барем малку ја поправи очајната шутерска вечер.

Сан Антонио во рамките на Летната лига во НБА го победи Шарлот со 76-68.

Се вчитува...