Вембањама: Не знав ни каде се наоѓам ни што правам на терен!

Првиот пик на годинашното НБА-драф, Виктор Вембањама имаше неславно деби во дресот на Сан Антонио во Летната лига на НБА.

Сан Антонио го победи Шарлот со 76-68, но Вембањама беше тотално изгубен на терен, со погодени само два шута од 16 обиди од поле, завршувајќи го мечот со 9 поени.

„Мило ми е што победивме, затоа што сакав со победа да ја почнам НБА кариерата. Но, искрено не знаев каде сум и што правам на терен. Но, се обидувам да учам. Најважно е да бидам подготвен за почетокот на регуларниот дел од сезоната“ – рече Вембањама на прес-конференцијата по мечот.

НБА летната лига нема големо значење, резултатите не се важни, но служи исклучиво за подготовка на кошаркарите за регуларниот дел од сезоната.

Се вчитува...