Центарот на Сан Антонио спуррс, Виктор Вембанјама и центарот на Оклахома Сити тандер, Чет Холмгрен ја предводат најдобрата петорка на „новајлии“ во сезоната во НБА лигата. Вембанјама и Холмгрен беа именувани на сите 99 гласачки ливчиња на Комитетот на спортски новинари и радиодифузери.
Брендон Милер (Шарлот Хорнетс), Хамес Жакез Јуниор (Мајами Хит), и Брендин Поџиемски (Голден Стејт Вориорс) се најдоа во најдобрата петорка. Членови на вториот тим на новајлиите се Дерек Лајвли II (Далас Маверикс), Амин Томпсон (Хјустон Рокетс), Кејонте Џорџ (Јута Џез), Кејсон Валас (Оклахома Сити Тандер) и Г.Г. Џексон II (Мемфис Гризлис).
Вембанјама, кој беше пик број 1 на драфтот во НБА во 2023 година, имаше просек од 21,4 поени, 10,6 скока, 3,9 асистенции и 3,6 блокади на 71 натпревар.
Холмгрен во 82 натпревари имаше просек од 16,5 поени, 7,9 скока и 2,3 блокади. Тој беше втор пик на драфтот во НБА во 2022 година, но поради повреда на стапалото ја пропушти сезоната 2022/23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА