Вембанјама со Шаолин монасите се подготвува за новата сезона

Виктор Вембанјама реши да помине 10 дена од претсезоната во познатиот храм на Шаолините и таму целосно го промени својот имиџ.

Решил да оди во Кина, но не на одмор, туку на некакви основни подготовки бидејќи со монасите ќе помине 10 дена во познатиот храм. Ја избричил главата, а во овој храм ќе ги изучува вештините за медитација, како и кунг фу и традиционалната кинеска медицина.

Вембанјама ја избричи главата во храмот и бил виден како носи традиционална монашка облека. Снимен е како трча и живее по монашкиот код. Тој реши да ги прошири погледите на животот и тоа го направи= на начин кој не се памети меѓу професионалните спортисти.

Се вчитува...