Вембенјама: Леброн Џејмс е најпотецениот кошаркар во НБА

Големата кошаркарска надеж на француската кошарка, „џинот“ Виктор Вембенјама пред Ол-стар натпреварот во НБА лигата гостуваше на емисијата „НБА на ТНТ“ каде говореше на разни теми.

Кошаркарот на Сан Антонио беше запрашан и кој од неговите колеги добива помалку почит од тоа што заслужил. Според Французинот тоа е Леброн Џејмс.

„Мојот избор е Леброн Џејмс. По дефиницијата „потценет“ значи некој кој не е доволно вреднуван во очите на другите, нели? Јас мислам дека Леброн Џејмс е потценет“, изјави Вембенјама.

На 40 години легендарниот американски кошаркар се уште доминра во НБА лигата предводејќи го својот ЛА Лејкерс.

Се вчитува...