Вемби го водеше Сан Антонио до нова победа, Њујорк го доби дербито со Хјустон (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио спурс стигнаа до нова победа откако синоќа славеа на домашен терен против Сакраменто кингс со 139-122.

Викто Вембањама повторно беше прво име во таборот на победникот завршувајќи го мечот со 28 поени надополнети со 15 скока. Кај поразените Мареј и Дероузен постигнаа по 20 поени.

Во дербито на вечерта Њујорк никс славеше во трилер меч над Хјустон рокетс со 108-106.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Феникс – Орландо 113-110, Њу Орлеанс – Филаделфија 126-111, Мајами – Мемфис 136-120 и Чикаго – Детроит 110-126.

Се вчитува...