Кошаркарите на Сан Антонио спурс стигнаа до нова победа сезонава во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај најдобриот тим во Источната конференција Детроит пистонс со 103-114.
Повторно најдобар поединец во таборот на победникот беше Виктор Вембањама кој натпреварот го заврши со 21 поен надополнет со 17 скока и шест асистенции. Кај поразените најефикасен беше Џејлен Дурен кој уфрли 25 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Мемфис – Сакраменто 114-123 и Хјустон – Јута 125-105.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

