Виктор Вембанјама скокна од третата на првата позиција и го презема водството во трката за престижната награда за најкорисен кошаркар во НБА лигата. Тој повеќе не се смета само за одличен дефанзивец, туку и за некој што ги води Спурси и во нападот.
Просекот од 24,2 поени, 11,2 скока и 3,1 блокади се респектабилни и му го донесоа првото место. Шеј Гилџс-Александар падна од врвот, и покрај тоа што имаше просек од повеќе од 30 поени, со многу малку изгубени топки и многу висок процент од игра.
Никола Јокиќ се искачи од четвртото на третото место, додека Лука Дончиќ, кој има многу феноменален месец зад, сега падна на четвртата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

