Вембињама со пофалби за Јокиќ: Сакам да станам играч како Никола…

Сан Антонио и Денвер одиграа два меча за 24 часа, двете екипи забележаа по една победа, а во главна улога беше центарскиот дуел меѓу Вембињама и Јокиќ.

Српскиот центар делуваше супермотивирано и на двете средби, постигна 41 поен во синоќешниот пораз, потоа и 46 поени во победата забележана рано утрово, по што Вембињама имаше само пофални зборови за кошаркарот што го имаше за ривал.

„Никола Јокиќ е повеќекратен МВП, наскоро повторно ќе се закити со тоа признание. Тој е еден од оние момци кои секоја вечер игра тимска кошарка, што ги прави соиграчите да бидат подобри. Сето тоа го прави иако противниците цело време го удвојуваат, така што дефинитивно Никола е играч каков што јас сакам да останам после извесно време“, прокоментира Вембињама.

Се вчитува...