Тромбозата што го мачеше Виктор Вембанјама од февруари сега е минато, објави кошаркарот на Сан Антонио Спурс.
Згрутчување на крвта во вената на десното рамо го принуди францускиот интернационалец да ја заврши сезоната веќе во февруари, по само 46 одиграни натпревари. Неочекуваната ситуација се случи не долго по Ол-стар викендот, но Французинот сега се пофали дека успешно ја санирал не толку наивната повреда.
„Тукушто добив официјално одобрение да се вратам. Медицинскиот тим на Спурс ми даде зелено светло пред само неколку часа. Конечно ќе можам повторно да играм кошарка“, изјави Венбанјама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

