Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, пред големото градско дерби против Тотенхем истакна дека англиските играчи се повеќе го учат „занатот“ на симулирање и се повеќе го злоупотребуваат тоа. Францускиот стратег со својата изјава индиректно мислеше на ѕвездите на Тотенхем, Хари Кејн и Деле Али, кои во последно време е почесто дозволуваат да бидат срушен на земја при дуел, но и премногу лесно паѓаат, особено во казнениот простор како на мечот со Ливерпул, со цел да изнудат пенал во корист на својата екипа.
„Порано тоа го правеа странските фудбалери, но со тек на време Англичаните станаа „мајстори“ за симулирање, се повеќе гледаат да изнудат најстрога казна, многу лесно паѓаат на земја со цел противникот да биде казнет со картон. Можеби Покетино смета дека симулацијата е начин како да го насамариш противникот да направи грешка, но јас не сакам и моите играчи да го прават тоа. Мора да го исфрлиме симулирањето од овој спорт“, истакна Венгер.
Венгер меѓу другото посочи дека Давид Оспина може да добие шанса да застане меѓу диреците, доколку медицинскиот тим не потврди дека Чех е подготвен за настап.
„Сите играчи се подготвени, се враќа и Дани Велбек, додека Чех има мали проблеми и утре ќе утврдиме дали ќе може да настапи или не“, додаде Чех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА