Венгер: Баерн лаже, на Румениге му се јавив само од пристојност

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер категорично ги отфрли приказните за неговите преговори за преземање на Баерн Минхен. Тој раскажува сосема поинаква приказна од онаа што беше пласирана во германскиот „Билд“ околу тоа кој кого побарал и кој бил инцијатор на комуникацијата. Германскиот весник тврдеше дека Венгер го побарал Карл-Хајнц Румениге и оти се распрашувал за работата. Сепак, францускиот тренер има поинаква верзија на случувањата.

„За мене оваа приказна е изненадувачка. Румениге ме побара, но ја не бев во можност да одговорам на повикот. Подцна го побарав од пристојност, разговаравме околи четири до пет минути. Му реков дека ми треба време да размислам и се договоривме да се чуеме повторно следната недела. Таа е вистинската приказна“ – рече Венгер во интервју за „Беин Спортс“.

Во неделата, по поразот од 5-1 од Ајнтрахт, Баерн го отпушти Нико Ковач. Баварскиот тим со 18 бода во моментов е на петтото место на табелата во Бундес-лигата. Во однос на првопласираната Борусија Менхенгладбах заостанува четири бода. Денеска Баерн ќе го одигра дербито со Борусија Дортмунд.

 

 

 

Се вчитува...