Арсен Венгер веќе ја напушти својата канцеларија во тренинг-кампот на Арсенал, ставајќи крај на 22-годишната авантура како менаџер на лондонскиот клуб. Во овој период Французинот имаше и блескави моменти кои го вброија меѓу најпосакуваните тренери во Европа, Венгер во меѓувреме добиваше одлични понуди, но секогаш ги одбиваше за да остане во Арсенал.
Во интервју за „Беин спортс“ искусниот стручњак обелодени дека во неколку наврати добивал понуда да застане на чело на Реал Мадрид, но не сакал да ги остави „топчиите“ на цедило и го одбил Флорентино Перез.
„Два или три пати го одбив Реал Мадрид, тоа е клубот за кој навивав во детството, но не заминав таму бидејќи се случуваше во деликатен момент за Арсенал. Флорентино Перез ме бараше и ми понуди апсолутна власт, контрола над трансферите, но не сакав да си заминам од Лондон. Кога го градевме стадионот знаевме дека ќе следи период на финансиски рестрикции и од Арсенал побараа од мене да останам пет години заради стабилност на клубот. Кога последен пат ме контактираше Реал тие пет години не беа изминати, а јас никако не можев да го прекршам даденото ветување до мојот клуб“ – открива Арсен Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА