Венгер го посакува резервистот на Манчестер јунајтед

Арсенал сака да ги засили голманските опции во своите редови во јануарскиот преоден рок, па ќе се обиде да го доведе на вториот голман на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро. Незадоволен од својата минутажа на „Олд трафорд“, Ромеро наводно побарал да си замине од Јунајтед уште во јануари со цел да биде стандарден голман за ја одржува формата пред СП, а Арсен Венгер сака да ја искористи приликата да купи чувар на мрежата кој ќе претставува заменик на ветеранот Петр Чех.

Аргентинскиот репрезентативец повеќе шанса добива во англиските купови и во досегашниот дел од фазата на ЛШ, како и во поголемиот дел од минатогодишниот поход кон трофејот на Европа лигата, но откако пристигна во 2015 година забележа само шест натпревари во Премиер – лигата, а виновник за сето тоа е незаменливиот Давид Де Хеа.

Последниот настап на Ромеро беше победата од 2-1 против ЦСКА Москва, а негово следно појавување на терените ќе биде во Карабао Купот против Бристол сити, натпревар кој може да биде и последен во дресот на Јунајтед доколку успее да направи преселба во Лондон, односно Арсенал.

 

Се вчитува...