Арсенал се бори да ги задржи Месут Озил и Алексис Санчез, но паралелно се обидува да ја засили и одбраната на својот тим. Менаџерот Арсен Венгер посакува да го ангажира Давид Луиз, бразилскиот интернационалец од градскиот ривал Челси. Тој е во аут веќе подолг период поради повреда на коленото, но исто така и не е во најдобри односи со Антонио Конте.
„Топчиите“ сакаат да ја искористат можноста да дојдат до Давид Луиз, а медиумите на Островот откриваат дека понудата ќе биде вредна 25 милиони фунти. За Бразилецот има интерес и од Реал Мадрид и од Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА