Реал Мадрид повторно ја актуелизира намерата да го ангажира Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед идното лето, а од „Олд трафорд“ пристигна абер дека тоа би било можно доколку во пакетот биде вклучен и дефанзивецот Рафаел Варан, кој би се преселил меѓу „црвените ѓаволи“. Тоа значи дека Кејлор Навас ќе мора да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, а на готовс е Арсен Венгер кој го сака Костариканецот како наследник на Петр Чех во редовите на Арсенал.
Раководството на „топчиите“ е подготвено да плати околу 25 милиони евра за да го добие Кејлор Навас, што можеби ќе биде и прифатлива опција за Реал Мадрид.
Во сениорскиот погон на Арсенал се наоѓа и македонскиот голман Дејан Илиев, кој чека своја шанса да се наметне како идно можно решение за голот на овој лондонски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА