Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње е желбата на Арсен Венгер за засилување во навалната линија на Арсенал. Раководството на „топчиите“ ќе се обиде да го доведе одличниот играч на „наполитанците“ во летниот преоден рок, откако стана јасно дека Алексис Санчез, а најверојатно и Месут Озил, ќе го напуштат „Емирати“.
Инсиње игра во одлична форма во дресот на Наполи оваа сезона, и според медиумите на Островот, Арсенал е подготвен да плати 50 милиони фунти за да го доведе во Премиер – лигата. Доколку Арсенал успее да избори пласман во ЛШ за следната сезона, тогаш овој трансфер би било многу пореално да се оствари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА