Англискиот премиерлигаш Арсенал не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона, но раководството нема да го промени Арсен Венгер од менаџерската позиција, туку ќе му даде нов двегодишен договор. Долг период се шпекулираше со евентуалното заминување на Венгер од клупата на „топчиите“, меѓутоа челниците на Арсенал не сакаат да направат промени и ќе му дадат нова доверба на искусниот француски стратег. Тој веќе две децении е менаџер на тимот од Лондон.
Официјалната објава за новиот договор на Арсен Венгер треба да се очекува на почетокот на идната седмица, а тоа нема да зависи ниту од резултатот на денешниот финален меч од ФА Купот на Англија. Арсенал на „Вембли“ ќе ги одмери силите со новиот првак Челси и ќе има шанса сепак да ја спаси сезоната со освоен трофеј. Но, и доколку не победи во финалето, Арсен Венгер ќе остане на „Емирати“ уште две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА