Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека на крајот на сезоната ќе разговара со челниците на клубот за да види што мислат за неговата работа. Иднината на францускиот стручњак на клупата на Арсенал летово беше довдедена во прашање, но челниците на клубот решија да му дадат доверба и нов двегодишен договор. Но, според неговите зборови, сепак ќе биде направена ревизија на неговата работа.
„Сакам да видам што мисли одборот за мојата работа. После тоа ќе видиме што и како понатаму. Мојата желба секогаш била да се испочитува договорот, па така мислам и сега“ – изјави Арсен Венгер.
Играта на „тобџиите“ е често критикувана изминативе неклолку сезонаи, бидејќи Арсенал од 2005 година наваму никако не успева да ја освои тутулата во Премиер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА