Францускиот стратег Арсен Венгер има уште една промашена сезона со Арсенал и се поголем притисокот да си замине од „Емирати“ по завршувањето на овој шампионат. Но, тој и понатаму ќе остане во Премиер – лигата. Веќе има неофицијална понуда да се пресели на кормилото на Евертон.
Сегашниот стратег на „карамелите“, Сем Алардајс, иако има договор до јуни 2019 година, најавил дека ова ќе биде неговата последна сезона како менаџер, и потоа сака да замине во пензија. Навестил дека сака спогодбено да го раскине договорот по завршувањето на шампионатот, а прв „пик“ на Евертон е токму Арсен Венгер. Французинот повеќе од две децении е на клупата на Арсенал и ќе биде навистина интересно да се види како би се снашол во друга средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА