Венгер конечно со нова работа – советник во ФИФА

И покрај најавите дека негова желба е да продолжи со тренерската работа, сепак Арсен Венгер во иднина со сосема нова улога. Французинот по разделбата со Арсенал конечно најде нова работа – како советник во ФИФА.

Неговата улога во ФИФА ќе биде работа на проекти за подобрување на стандардите за тренирање ширум светот.

Венгер по заминувањето од Арсенал главно работеше како фудбалски аналитичар по бројни европски ТВ канали. Иако имаше огромна желба да продолжи со тренерска работа од тоа засега нема да има ништо.

Се вчитува...