Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ги прокоментира шпекулациите врзани за неговото заминување од клубот. Францускиот стручњак го води Арсенал од 1994 година, но во последно време клубот под негово водство не бележи најдобри резултати, па се поголем број навивачи бараат промена на тренерската позиција.
На сето тоа, се огласи и Венгер со изјава за англиските медиуми.
„Моето заминување од Арсена моментно е најмал и последен проблем. Најмногу се грижам за тоа како да се подготвиме за следниот натпревар. Мојата работа моментно е да се концентрирам на играта, има други луѓе кои треба да ја оценат мојата работа. Дали неизвесноста ве спречува да спиете? За нас најважна работа е натпреварот што не очекува. Знаеме дека не е возможно секогаш да ги добиете сите натпревари и сите мора да живееме со критиките, тоа е дел од модерниот фудбал“ – изјави Венгер.
Арсенал во англиската Премиер лига моментно е на шестата позиција со 45 бода, а денеска им претстои дуелот со лидерот на табелата Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА