Венгер: Можеби никогаш веќе нема да ме видите на клупата на некој тим

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер порачува дека е можно никогаш веќе да не се занимава со тренерска работа, но дека сигурно ќе остане во фудбалот. Кога минатата сезона се збогуваше со Арсенал, не беше сигурно дали Венгер повторно ќе води некој клуб.

„Мислев дека брзо ќе се вратам да бидам тренер, но да ви кажам искрено уживав во одморот. Ќе ме видите повторно во фудбалот, но не знам дали тоа ќе биде како тренер. Годинава работев доста хуманитарно и уживав во тоа. Многу помалку стресно е откако не сум тренер“, изјави Венгер. 

Французинот на клупата на Арсенал помина 22 години, а со тимот од „Емирејтс“ три пати ја освојуваше Премиерлигата, седум пати ФА купот, а во 2006 играше финале во Лигата на шампионите кое неговиот тим го загуби од Барселона.

Се вчитува...