Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, тргнува во нова мисија за ангажман на млади и талентирани фудбалери. Откако стана јасно дека ќе ги загуби Месут Озил и Алексис Санчез веќе во јануари, тој размислува за следниот летен преоден рок. Една од неговите желби е Гонсало Гуедеш, младиот португалски напаѓач кој оваа сезона игра на позајмица во шпанскиот прволигаш Валенсија.
Тој е сопственост на Пари Сен Жермен, но не успеа да се наметне на „Паркот на принцовите“ каде конкуренцијата, посебно во навалната линија, е жестока. Токму затоа и замина да игра како позајмен фудбалер во Валенсија, а таму блесна со целиот свој сјај. Венгер редовно ги следи неговите настапи и би сакал да го доведе на „Емирати“ следното лето за сума од 30 милиони евра.
Валенсија исто така сака да го задржи младиот Португалец, а за таа цел „лилјаците“ се подготвени да го испратат во Париз Кондогбија, фудбалер што се наоѓа високо на листата со желби на „светците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА