Венгер: На фудбалот му е потребно Светското клупско првенство

Арсен Венгер, легендарниот француски стратег се вклучи во дебатата наречена „Светско клупско првенство“ која го подели мислењето на јавноста.

Додека многумина, меѓу кои и Јирген Клоп жестоко ја критикуваа и ја оспорија идејата за клупско натпреварување по крај на долгата сезона, Венгер смета дека

„Секој има право на мислење и јас со Клоп воопшто не се сложувам. Мислам дека Светското клупско првенство е потребно. Ако прашате било кој клуб кој учествуваше на него, 100 отсто од нив би рекле дека би биле дел од него повторно. Тоа е најдобриот доказ за што мислат клубовите за натпреварувањето.

И конечно прашањето гласи – дали им се допаѓа тоа на навивачите? Мислиме дека предвидувањата за посетеност беа прениски, а во реалност има многу повеќе посетители“, изјави Венгер.

Се вчитува...