Венгер на лето ќе ја засилува одбраната, Ругани од Јувентус е негов „пик“

Англискиот премиерлигаш Арсенал заврши одлична работа оваа зима со ангажман на две засилувања за навалната линија, Пјер – Емерик Обамејанг и Хенрик Мхитарјан, но менаџерот Арсен Венгер е свесен дека ќе мора да ја раконструира и одбраната. Тој веќе размислува за можните опции за пополнување на дефанзивниот ред во летниот преоден рок, а негов прв „пик“ е Даниеле Ругани, централниот дефанзивец на Јувентус.

Тој не добива доволно минутажа во редовите на „старата дама“ и покрај тоа што Леонардо Бонучи си замина од Јувентус пред почетокот на сезоната, па Венгер се надева дека со добра понуда, како и ветување дека ќе биде важна алка во тимот на „топчиите“, би можел да го придобие Ругани да се пресели на „Емирати“.

„Арсенал изразија желба да го видат Ругани во своите редови, но засега не сме преговарале. Имаме респект за Јувентус“, изјави Давиде Торкиа, агентот на фудбалерот.

Се вчитува...