Предводникот на Арсенал, Арсен Венгер е во потрага по фудбалер кој ќе претставува соодветна замена за Месут Озил, a ја најде во редовите на турскиот шампион Бешикташ.
Францускиот стратег сака да го врати назад Огужан Озјакуп, фудбалерот кој го напушти клубот од Лондон во 2012 година, тогаш Бешикташ направи добра зделка откако исплати само 400.000 фунти. Се претпоставува дека Арсенал ќе издвои 10 милиони фунти, но знаејќи дека Бешикташ веќе ги одби во летниот преоден рок, сега понудата ќе мора да биде зголемена за услугите на Озјакуп.
25-годишниот репрезентативец на Турција еднаш одби да се врати на „Емирати“, но Арсенал сигурно ќе притиска бидејќи се помали се шансите Озил да го обнови договорот, па затоа Озјакуп е идеалната замена во очите на Венгер.
Озјакуп во престојот во Лондон настапи само два пати во дресот на „топчиите“, додека за Бешикташ одигра импресивни 195 натпревари на кои постигна 27, а асистираше на 44 погодоци во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА