Едвард Нкетиах е новиот фудбалски бисер на Арсен Венгер, откако младиот англиски голгетер со два погодоци го спаси Арсенал од бламажа на дуелот со Норвич во Лига-купот на Англија.
„Топчиите“ беа на работ на елиминација пред овој фудбалер, инаку младински репрезентативец на Англија во селекцијата до 18 години, да се најде на вистинското место по еден корнер и да израмни на 1-1, носејќи го мечот во продолженија. А во првото продолжение повторно блесок на Нкетиах, и повторно по корнер, но овојпат со прецизен удар со глава за победа од 2-1 и пласман на Арсенал во четвртфиналето од ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА