Откако поранешниот капитен на Арсенал, Тони Адамс жестоко го критикуваше тренерот на лондонската екипа Арсен Венгер во својата нова книга, Французинот се одлучи да му одговори.
Адамс, кој минатата година ја напушти позицијата во младинската академија на Арсенал откако прифати понуда од Кина, во својата автобиографија напиша дека Венгер четири пати спречил негово враќање на „Емиратите“. Адамс од април ја презеде и клупата на, сега веќе поранешниот, шпански прволигаш Гранада, но оваа екипа ги загуби сите натпревари од неговото доаѓање.
„Ако си направил добра кариера како играч во некој клуб, тоа не ти дава ‘господско’ право да се вратиш кога ќе посакаш“ – му порача Венгер на Адамс.
Во својата автобиографија легендата на Арсенал истакна и дека Венгер е лош тренер и спречува негово враќање затоа што го гледа како сериозна конкуренција, а на тоа Французинот со порака:
„Ете, ти сега имаш можност да им покажеш на сите што знаеш и умееш во оваа работа. Но, нешто не оди, а? Тажно е тоа. Интересни се тие луѓе, кога е од нивни интерес да заминат од клубот ќе заминат, а кога ќе немаат каде тогаш го вадат од ракав епитетот дека се легенди на клубот, и за нив мора да има место. Чудно“ – вели Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА