Венгер: Не сум го видел Озил цела недела

Арсенал синоќа успеа да извлече бод на гостувањето кај Бурнемаут, играјќи 3-3, иако имаше негатива од три гола. Забележливо беше повторното отсуство на германскиот интернационалец Месут Озил, кој не беше во тимот и на Боксинг Деј, во триумфот од 1-0 над ВБА. Одличниот играч за врска е ’закован’ за кревет, поради болест.

„Зошто не играше Озил? Тоа беше лесна одлука. Го немам видено цела недела. Тој отсуствува од тренинзите, лежи в кревет поради болест. Во моментов не е способен за настап, а нема да биде ниту за претстојниот викенд“, изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Арсенал викендов го очекува дуел со Престон во рамките на ФА купот на Англија.

 

Се вчитува...