Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, добил понуда да се врати во Премиер лигата. Челниците на Фулам го контактирале Венгер во обид да го донесат на клупата на местото на Славиша Јокановиќ кој доби отказ по серијата слаби резултати.
Според информациите пренесени во британските медиуми, сопственикот на Фулам, Шахид Кан инсистирал да се состане со Венгер и да преговара за негов ангажман.
Но, Венгер веднаш ја одбил понудата од лондонскиот клуб и останал доследен на одлуката дека во Премиер лигата нема да води ниеден друг клуб освен Арсенал.
Откако Венгер ја одбил понудата, челниците на Фулам како втора опција го анажираа Клаудио Раниери кој ја освои историската титула во Премиер лигата со тимот на Лестер.
Арсен Венгер кој претходно најави дека на тренерската работа ќе и се врати во 2019 година, во трансфер шпекулациите најчесто се споменува како потенцијален наследник на Нико Ковач на клупата на Баерн
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА