Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер имаше интересна изјава критикувајќи го правилото на УЕФА освојувачот на Лигата Европа директно да се пласира во Лигата на Шампиони за следната сезона.
Според Венгер ова правило не е фер, поготово во случајот како оваа сезона во која за место во финалето се борат две екипи од Премиерлигата која гарантира пет места во најелитниот шампионат.
На прашање дали е поштено победникот на Лига Европа да има место во Лигата на Шампиони тој одговри „Не, тие би требало автоматски да се квалификуваат за Лига Европа, но не и за Лигата на Шампиони. Особено кога сте од Премиерлигата која гарантира пет места“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

