Ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез ќе биде подготвен за дуелот со Ливерпул во недела, тврди Арсен Венгер. Чилеанецот отсуствуваше од стартот на сезоната поради истегнување на стомачните мускули, последен настап во дресот на „топчиите“ беше во мај, кога Арсенал го совлада Челси во финалето од ФА купот.
„Санчез е во добра форма. Тој од секогаш бил фокусиран на неговата работа, мислам дека гласините околу неговата иднина не го спречуваат да биде подготвен за игра на највисоко ниво. Врвни фудбалери како Санчез се навикнати на такви работи, а тој ладнокрвно се справува со „бучавата“ околу него. Работеше напорно и сметам дека е подготвен за игра“, вели Венгер.
Дефанзивецот на Арсенал, Лоран Косчиелни исто така ќе биде достапен за дербито во недела против Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА