Нико Ковач нема речиси никакви шанси да преживее уште една седмица на клупата на Баерн Минхен, а голем фаворит за негов наследник е Арсен Венгер, со кого управата на баварскиот гигант веќе стапила во контакт. Оваа информација ја објави весникот „Билд“, тврдејќи дека утрешниот натпревар против Бенфика во Лигата на шампионите ќе биде последен за Ковач на клупата на Баерн.
Румениге по фрустрирачкото реми со Фортуна во саботата изјави дека „треба да се преспие“ пред да се донесе конечната одлука, но јасно е дека веќе не постојат никакви аргументи за Хрватот да биде задржан на клупата. Напротив, сега веќе во сериозна опасност е и директорот Салихамиџиќ, кој го донесе Ковач за тренер и му даваше поддршка во изминатиот период. Според медиумите во Германија, Ковач нема никакви шанси да го дочека наредниот бундеслигашки натпревар на чело на Баерн, а преговорите со Венгер се наоѓаат во завршна фаза и би требало да финишираат со успех, за искусниот Французин веќе од среда да пристигне на „Алијанц арена“.
Венгер се одмори од фудбалот и најави дека од 1 јануари сака да му се врати на тренерскиот занает, а со ваквиот развој на настаните ќе треба да ја забрза својата одлука. Французинот ќе има и околу 50 милиони евра за трошење во јануари, како и богат буџет за ремонт на тимот во текот на летниот преоден рок.
Претходно со тренерското место во Баерн Минхен беше поврзуван и Зинедин Зидан, но екс-тренерот на Реал Мадрид го одби германскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА