Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ја критикуваше одлуката на Премиер – лигата да го одложи воведувањето на ВАР – технологијата за помош на судиите при спорни ситуации во текот на натпреварите. Тој смета дека така англискиот елитен фудбал ќе заостанува зад останатите најквалитетни фудбалски лиги во светот, кои ќе ја прифатат помошта на модерната технологија.
„Поради ваквата одлука ќе заостануваме зад светот. Релиси секој голем натпревар оваа сезона, посебно неодамна во Лигата на шампионите, беа одлучени со судиски грешки, а тоа би можело да се избегне со употребата на ВАР – системот“, изјави Арсен Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА