Арсен Венгер, кој мина 22 години на клупата на Арсенал во периодот од 1996 до 2018 година, признава дека работата како менаџер на Манчестер јунајтед е сон за секој тренер, па и за него.
„Тоа е работа од соништата за секој менаџер. За секој менаџер со самодоверба и храброст. Мислам дека им недостасуваат во моментов уште четири добри фудбалери за првиот тим, за да биде оној вистинскиот Јунајтед. Вистина, сега немаат никаков стил на игра, можност за пресинг, напад… Но, сето тоа може да се промени за кратко со добра работа“ – вели Венгер.
А, на директното прашање дали е заинтересиран за клупата на Манчестер јунајтед, Французинот со одговор:
„Како што реков, да се биде тренер во Јунајтед е сон за секого. А, јас имам самодоверба, имам храброст, а во право сте дека имам и идеи како да биде подобро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА