Венгер се сели во Бундес-лигата?

Францускиот стратег Арсен Венгер на крајот од сезоната ќе го напушти Арсенал по цели 22 години поминати во клубот. Иако беше силно критикуван за слабите резултати со „топчиите“ во изминатите неколку години, сепак, по објавата дека си заминува, на негова адреса веќе пристигнуваат многу други понуди.

Засега најпривлечната понуда доаѓа од Бундес-лигата. Раководството на Борусија Дортмунд сака да го ангажира Венгер за нов тренер на „милионерите“ за следната сезона, откако стана јасно дека Штегер не е решение за подолг период. По заминувањето на Тухел, и отказот за Бош, челниците на Борусија Дортмунд се во потрага по кормилар кој ќе може да создаде тим што навистина би му парирал на Баерн Минхен.

Покрај ова, Венгер е интересен и за ПСЖ, но само за да добие улога на спортски директор или генерален менаџер на клубот. Сепак, францускиот стратег сака да продолжи со тренерската кариера, па би можел да замине и во МЛС-лигата на САД или пак да прифати понуда од Кина.

 

Се вчитува...