Венгер се враќа на тренерската работа, ќе води тим само на еден натпревар

Екс-менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер по три години се враќа на тренерската работа. Тој не можеше да ја одбие понудата од саудијците да води тим, па макар и на еден натпревар.

Венгер се договори да го води комбинираниот тим од играчи на Ал-Хилал и Ал-Наср на пријателски натпревар против ПСЖ. Неофицијално се шпекулира дека за водењето на екипата на овој меч, Французинот ќе инкасира 2 милиони долари.

Венгер три години нема работа откако во 2018 година го напушти Арсенал по повеќе од две децении. Во моментов ја предводи комисијата на ФИФА за развој на фудбалот.

Се вчитува...